НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Ова се новите цени на горивата во Македонија – бензинот станува луксуз 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 % во однос на одлуката од 31.05.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,584%, кај дизелот за 4,856%, кај екстра лесното масло за 4,514% и кај мазутот зголемувањето е за 1,099%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува. 

Од 2.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 95         107,00 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 98   109,00          (денари/литар)

Дизел гориво     ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  97,50 (денари/литар)

Масло за горење    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    95,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    54,640 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,467%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons