ЕВН: Многу места се непристапни на терен

ЕВН известува дека екипите на Електродистрибуција од цела држава ја поминаа ноќта на терен, санирајќи дефекти во многу лоши теренски и временски услови, кои често биле на непристапни места.

Последните информации се дека екипите се уште работат на отстранување на вчерашните и новонастанатите дефекти од утринава.

– Оваа кризна состојба налага соодветна реакција од нашата компанија и затоа во вакви услови се користат апсолутно сите мобилни екипи на располагање. ЕВН воедно вложува енормни напори да се отстранат и дефектите кои се појавија во непристапни места, каде што екипите на Електродистрибуција физички не може да стигнат поради лошите теренски услови, соопштија од ЕВН Македонија.

Обилните врнежи од снег предизвикаа голем број дефекти на среднонапонска и нисконапонска мрежа. Жители од повеќе населени места останаа без снабдување со електрична енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons