Катар: Спорот е решен, Израел и Хамас ќе ја продолжат размената на заробеници

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи објави дека спорот меѓу Израел и Хамас кој се закануваше дека ќе го прекине примирјето „е надминат со катарско-египетско посредништво“ и дека втората рунда размена на затвореници најверојатно ќе се одржи вечерва, пренесува Ал Џезира.

Портпаролот на катарското министерство, Мајед Ал Ансари, најави дека ќе бидат разменети 39 Палестинци и 13 израелски затвореници, а ќе бидат ослободени и седум странци.

Да потсетиме дека вооруженото крило на Хамас претходно изјави дека ќе го одложи ослободувањето на друга група затвореници, обвинувајќи го Израел дека не ги почитува условите од договорот за примирје, пренесува Ал Џезира.

Набргу потоа, израелските медиуми објавија дека израелската армија ќе продолжи со бомбардирањето на Газа доколку Хамас не ги ослободи затворениците до полноќ по израелско време (23:00 часот по наше време). Иако оваа информација не е официјално потврдена, Хамас реагираше, наведувајќи дека нема да го промени ставот поради „празни закани“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons