Грција не го почитува Преспанскиот договор, таму уште сме БЈРМ 

Пред четири години, во јуни 2018 година, во Нивици беше потпишан Преспанскиот договор со кој Република Македонија доби ново име – северна. Со тој договор според државјанството станавме – македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Договорот беше потпишан како резултат на грчкото долгугодишно непризнавање на нашето уставно име. И четири по потпишувањето на Преспанскиот договор, токму Грција не го почитува. Реакција од македонското Министерство за надворешни работи, традиционално – нема.

Фотографиите што ги објавуваме ги добивме од нашите читатели кои деновиве престојуваа во Грција. На сите сообраќајни знаци во северниот дел на Грција се уште пишува или БЈРМ (FYROM) или Скопје (Skopia).

Деновиве на македонски граѓанин не му беше дозволен влез во Грција без никакво образложение. Во документот што го доби, во графата државјанство пишува „северномакедонско“. Освен тоа, претпоставката зошто тој не добил дозвола за влез во Грција, е неговата активност за правата на Македонците во оваа држава. 

Веднаш по потпишувањето на Преспанскиот договор, Владата даде упатство како да се спроведат одредбите договорени меѓу Македонија и Грција, а под покровителство на ЕУ и САД. Владата особено на почетокот беше ревниста во реакциите во однос на употребата на придавката „северномакедонски“ (народ, претседател, репрезентација…), но како што минуваше времето така и ентузијазмот во одбраната на тоа што е потпишано како официјален меѓународен договор опаѓаше.

Ентузијазмот е опаднат и сега.Од МНР нема никаква реакција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons