ФИФА ја казни Македонија за однесувањето на навивачите на мечот со Италија 

Македонските навивачи употребија и пиротехника за да ја прослават победата над Италија на стадионот „Ренцо Барбера” во Палермо, а за тоа ФФМ ќе треба да уплати 2.000 евра во касата на ФИФА.

Македонија ја победи Италија со 1-0, со гол на Трајковски во самиот финиш од натпреварот, па прославата на нашите навивачи на стадионот беше голема. Тие употребија и пиротехника, па според правилникот на ФИФА за тоа следува казна. ФИФА ја казни Македонија парично, со 2.000 евра. Сума која нема да биде некој посебен проблем за ФФМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons