Граѓаните се жалат од високи цени 

Граѓаните се жалат на високите цени во маркетите и на пазарите. Тие се револтирани бидејќи со секое ново влегување во продавница, гледаат повисоки цени на речиси сите производи и велат дека едвај сврзуваат крај со крај незнаејќи како ќе го поминат месецот.

Доведени се во ситуација да се откажат од многу работи, затоа што не можат да ги купат. Сметаат дека не е во ред, еден производ денеска да има една цена, а следниот ден таа да е повисока.

Од пазарниот инспекторат пак од Струга велат дека постојано прават контроли.

Досега биле извршени 45 надзори, а казни заработиле два маркети кои не ги почитувале гарантираните цени согласно одлуката на Владата.

За разлика од гарантираните цени во трговијата, воведени од Владата, такви цени нема на пазарите. Иако дел од храната за дома, се набавува таму.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons