Голема сообраќајка на патот Битола – Демир Хисар, едно лице загина, 20 повредени  

Тешка сообраќајна незгода се случила попладнево на патот Битола – Демир Хисар, при што едно лице загинало. 

Во сообраќајката се повредени дваесеттина лица.

Според првичните информации станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и автобус на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар.

Во директниот сообраќаен судир меѓу патничкото моторно возило и автобусот на излезот од Битола, на местото на сообраќајката загинал возачот на патничкото моторно зозило, тешко е повреден совозачот, а повредени се и патниците во автобусот.

Вечерва беа објавени и официјални информации за несреќата која ја потресе земајва. 

Имено, како што соопштуваа СВР Битола, во тешката несреќа битолчанецот К.К. (42) го загуби животот, а 19 лица се со тешки телесни повреди 

Од СВР Битола објавија дека сообраќајката се случила во 14:57 часот и во неа учествувале патничко возило „пежо“ и комбе, и двете со битолски регистарски ознаки.

– Сообраќајна несреќа се случи меѓу комбе управувано од А.С. (25 г.) од селото Вирово, демирхисарско, кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика, и патничко возило „пежо“ управувано од К.Ј. (36 г.) од Битола. На лице место починал совозачот на патничкото возило К.К. (42 г.) од Битола – соопштија од СВР Битола.

Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола посочи дека по сообраќајката, во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица и кај нив е изврешено компјутерско снимање, додека лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во сообраќајката. Сите лица се надвор од животна опасност, изјави за Ивановска.

Од Основното јавно обвинителство пак соопштија дека во тек е истрага за причините за тешката сообраќајна несреќа. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons