Гир: Приклучувањето во ЕУ е кредибилен и реалистичен процес

Јасно ни е дека во Северна Македонија има разочарување дека процесот на евроинтеграција предолго трае, но перспективата на земјата да се приклучи кон ЕУ е кредибилен и достижен процес, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на Вториот економски форум во организација на Делфи Економскиот форум и Грчката бизнис асоцијација во Скопје во чиј фокус е просперитетот во време на пресврти.

– ЕУ и нејзината заложба во процесот на проширување особено со оваа земја не е милост, туку тоа е заемен интерес и јасно е дека за нашата безбедност, просперитет и демократски интерес е вие да бидете дел од ЕУ.  Отворањето на преговорите, отворањето на скрининг процесот почна така што сега фокусот треба да се премести на спроведувањето на реформите коишто се потребни. Ова не е лесен процес. Ова не е голема земја. Веќе имате постигнато многу во процесот на реформи. Имате огромна поддршка од земјите-членки на ЕУ, а и оние што се надвор од ЕУ, така што перспективата на оваа земја да се приклучи на ЕУ е кредибилен процес, постиглив, достижен и реалистичен, порача евроамбасадорот Гир.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons