Вработените на Фондот за здравство имаат најниски плати, излегуваат на протест 

Синдикатот на вработените од јавната администрација УПОЗ денеска преку соопштение потврди дека работниците од Фондот за здравствено осигурување излегуваат на протест заради поголеми плати.

Ваквата реакција следува откако во предлог-државниот буџет за 2024 година, кој помина на Влада, не предвидувал никакво покачување на плати за вработените, кои бараат зголемување од 7.500 до 10.000 денари.„Вработените во фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија, имаат најниски плати од сите органи на државната управа. Над 50 отсто од вработените, дури ни со две нивни плати, не можат да ја достигнат минималната синдикална кошничка која сега изнесува 48.389,00 денари.Во споредба со останатите институции, со која Фондот за здравствено осигурување, има сродна или иста дејност, вработените во Фондот за здравство, имаат од 120 до 150 евра, пониска плата за исто работно место на исто ниво.

Фармацевт/доктор/стоматолог/ – чии работни задачи се контролен инспектор, имаат плата од 27.000,00 денари. Во сродни институции од здравството, платите на ваков вид вработени, се над 50.000,00 денари.Ваквата состојба, допринесува за егзодус на овој тип на вработени од Фондот. Како податок, само во Скопје, на овие работни места само пред неколку години имаше 50 вработени, а сега се 20 вработени.Вработените на шалтерските служби – референти кои треба да ги покријат сите области на работење, затоа што еден ден работат боледување, друг ден ортопедски помагала, трет ден медицинска рехабилитација имаат минимална плата. Дипломирани правници/економисти кои работат предмети со вредности од 50 -100 – 200 илјади евра, имаат плата од 24.500,00 денари“, реагираат од УПОЗ.Од УПОЗ тврдат дека половина година се воделе безуспешни преговори со раководството на Фондот за здравствено осигурување, за сите вработени да добијат 15 отсто зголемување на плата, за да се доближат до просекот од јавното здравство. Зголемувањето било само 2,5 отсто.

Од ФЗО како крајна мерка упатуваат закани дека ќе престанат со обработка на податоци за Државната изборна комисија, со исплати кон сите јавни здравствени установи,прием на исплати на сите боледувања и рефундации, исплати кон сите Приватни здравствени установи и прекин на корекции на пријави и одјави на вработени и осигуреници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons