Десет дена не сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола и обратно 

Поради расипана локомотива и денеска не сообраќа возот од Скопје за Битола кој застанува во Прилеп, Велес и попатните станици. Локомотивата е расипана од минатиот понеделник, а кога по три дена штрајк, овој како и останитете возови, требаше повторно да сообраќаат, се расипа локомативата, информираат од „Македонски железници“.

Патниците од Велес, кои секојдневно патуваат на работа и на училиште во Скопје, се револтирани што го немаат овој воз кој многу има значи. Посебно револтирани се жителите од селата на Азот – Богомила, Теово и Согле, на кои овој воз им е единствената врска до Велес, Скопје, Прилеп и Битола.

Од „Македоски железници“ за МИА информираат дека забрзано се работи на оспособување на локомотивата и очекуваат повторно да биде пуштена во сообраќај оваа среда или четврток.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons