Протест во Железница: Ние не ги прегледуваме возовите,без контрола ги пуштаат во сообраќај

Синдикалната организација на вработените во подружницата „Влеча на возови“ протестира за услови за работа и за плати

Од денеска дел од вработените во Железница протестираат затоа што не се задоволни од условите за работа, но и од платите. Тие велат дека не гарантираат за безбедноста на возовите, затоа што не ги вршат секојдневните прегледи, но дека возовите вчера сепак сообраќаа непрегледани.

Ѓоко Илиевски, претседател на Синдикалната организација на вработените во подружницата „Влеча на возови“, во изјава за „Слободен печат“ вели дека во моментов е загрозена безбедноста на сообраќајот, затоа што не смее непрегледан воз да тргне на пат.

Тој вели дека имаат три клучни барања заради што се одлучија на протест.

– Вчера имавме предупредувачки протест од два часа, а денес од 8 часот престанавме со работа и не знаеме кога ќе заврши протестот. Како што веќе алармиравме, ние немаме греење во работилниците. Ни беше ветено дека ќе донесат клима-уреди, но ништо од тоа. Системот со години работеше на мазут, но сега раководството одлучи да прекине со таквиот начин на греење без да најде замена. Исто така, не сме задоволни од платите. Бодот, според ветувањата, требаше да се зголеми за 30 процентi. Протестираме и затоа што не се продолжи работаат на оние што работеа на определено време, а станува збор за клучни работни места како што се машиновозачи, кондуктори и благајници, без кој е незамисливо одвивањето на железничкиот сообраќај – изјави Илиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons