Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија
Во периодот јануари – јуни 2026 година вкупниот број на туристи бил намален за 0,5 отсто во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето е за 3,1 процент, а кај странските има зголемување за 0,3 отсто.
Намален е и вкупниот број ноќевања за 1,5 отсто – кај домашните туристи е забележан пад за 3,3, а кај странските за 0,7 проценти.
Во јуни годинава 113.436 туристи оствариле 221.608 ноќевања. Од вкупниот број туристи 22,8 отсто биле домашни, а 77,2 проценти странски. Ноќевањата биле 29,2 отсто од домашни, а 70,8 проценти од странски туристи.
Најмногу странски туристи во јуни 2026 година дошле од Турција (24.570), Србија (8.522), Германија (4.396) и Бугарија (3.207).



