Во светот цените на храната уриваат рекорди 

Во светот цените на храната уриваат рекорди, објави Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

За повеќе од 17 отсто поскапеа житариците. Цените на растителното масло скокнаа за 23,2 отсто. Воедно растат и цените на палминото, маслото од соја и маслото од репка. 

Украина и Русија се главни извозници на основните прехранбени производи, а војната го погоди растителното производство, зголемувајќи ги цените.

Околу 30 отсто од светската пченица доаѓа од Украина и Русија, а конфликтот „удри“ по извозот.

Русија произведува огромни количини на хранливи материи, кои се основа за вештачки ѓубрива. Долги години во светот немало толку високи цени на храната. Oваа состојба предизвика загриженост и во развиените земји, а во Африка милиони луѓе ќе се соочат со глад. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons