Во Хрватска кај пиперки увезени од Македонија откриен токсичен пестицид 

Забранет пестицид е откриен кај пиперки од Северна Македонија кои биле увезени во Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

-Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен, се наведува во известувањето од Европскиот систем за брзо предупредување за храна.

Форметанат, како што се посочува, е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји сè уште го користат, но во ЕУ е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.

Овој инсектицид е високо акутно токсичен доколку влезе во организмот по орален пат, умерено токсичен ако се вдишува, а има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.

Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форметанат кај стаорци се намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација (зголемување на лачењето на плунковните жлезди), отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлање. 

sitel.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons