Бурни реакции на граѓаните откако Асоцијацијата за цистична фиброза се огради од младиот Игор 

Еден од болните од цистична фиброза Игор Пехчевски постојано апелира лекот „Трикафта“ да се обезбеди што побрзо за сите пациенти.

Пехчевски откри дека неговата состојба е влошена и дека не е вклучен во терапијата ниту во оние дополнителни пациенти кои го добија лекот.

По неговиот статус на Фејсбук со кој го опиша однесувањето на директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Стојка Фуштиќ, од него се огради Асоцијацијата за цистична фиброза.

По објавата на Асоцијацијата за цистична фиброза следеа бурни реакции на граѓаните.

-Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти – како? како? Па вие бре имате право на лек и лекување, како на ваша штета би одело? Под казна ќе ви ускратат права, прашува еден граѓанин.

-Да има еден нормален во главата таму, ќе ја вратите и таа терапија што ви ја дале и ќе протестирате и блокирате сè додека не се обезбеди за сите подеднаков третман, се јави друг револтиран граѓанин.

-Читајте ги реакциите и срамете се ако за срам знаете. Сте се намириле, ве седнаа во скут и сега се оградувате од човекот поради кој и јавноста дозна за Вас. Да не ви се налути директорката. Ѓубриња е убав збор за Вас, вели револтирана граѓанка.

– Крајно себична реакција. Како воопшто можете да ги делите пациентите. Зарем државата успеа да ви ја затне муцката со тоа што ве излажа со терапија за само неколку пациенти? И да било недолично однесувањето на Игор, тој е еден од вас кој се бори за својот живот, а со тоа и за животите на другите пациенти…за разлика од вас, пишува Бојана.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons