Зеленски: Одбраната на Украина месечно чини 5 милијарди долари (ВИДЕО) 

Претседателот на Украина Володимир Зеленски го процени месечниот трошок на Украина за одбрана од руската инвазија на околу 5 милијарди американски долари.

„Ова е војна за правото на диктирање на условите во Европа. Војна која ќе одреди како ќе изгледа идниот светски поредок“, кажа Зеленски во виртуелното обраќање до НАТО на самитот во Мадрид.

Тој ги повика лидерите на НАТО на Украина да ѝ испраќаат уште повеќе оружје и пари и со санкции „да ја спречат способноста на Русија да ја финансира војната“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес повтори дека „Украина може да смета на поддршката на Алијансата колку и да е тоа потребно“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons