Котларницата на РЕК Битола испушти густ црн облак, ЕСМ смирува дека е привремено тестирање

Котларницата на РЕК Битола, која работи на поддршка на мазут, испушти голем црн облак, на што реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го повика министерот за правда Никола Тупанчевски да го истражи случајот, алудирајќи на новиот закон за „екоцид“ што се подготвува.„РЕК Битола денес/деновиве. Кој ќе одговара кривично за овој ЕКОцид? Ајде колега Тупанчевски да го видиме на дело вашиот предлог како ќе функционира“, напиша Мицкоски, објавувајќи фотографии на Фејсбук.

РЕК Битола објави дека повремено врши краткотрајно тестирање на постројка која е поддршка за блоковите РЕК Битола како „стартна котлара“. Од таму додаваат дека објектот ќе има важна улога за време на енергетската криза.

„Таква проверка на функционалноста е направена денеска помеѓу 6.30 и 7.00ч, при што е утврдено дека истата е функционална и е на располагање да се вклучи во системот во секој момент, за краткотрајно зголемување на снагата на блоковите во одредени куси периоди во текот на производниот процес. Постројката работи на мазут, и во првите моменти од пуштачките операции има зголемено испуштање на чад и издувни гасови. По извршеното кусо тестирање, стартната котлара е повторно исклучена“, гласи коментарот на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons