ВОНРЕДНА ВЕСТ: Пукање попладнево на автопатот Штип – Скопје, создадена е голема колона

На автопатот Штип-Скопје, по Свети Николе, попладнево имало пукотници, дознава Фактор. Според нашите информации, додека полицијата вршела увид, сообраќајот бил затворен, по што се создала поголема редица од возила. На патот имало чаури од испуканите куршуми. Според очевидците, на местото на настанот пристигнале неколку полициски возила. 

Се очекуваат детали од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons