Повредени пет лица во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица биле повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, откако со автомобил излетале од патот.

-На автопатот Скопје-Тетово во близина на бензинска пумпа, кај с.Буковиќ, Б.М.(26) од Тетово управувајќи товарно возило „фолксваген кеди“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот. Во несреќата, возачот Б.М. и сопатникот Б.С.(31) се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатниците С.Б., М.М.(19) и А.Р., се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, соопштуваат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons