ВОЗАЧИ ВНИМАТЕЛНО: врнежи од снег на одредени делови од земјата

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Македонијапат.

Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. 

Фото: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons