ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на утрешниот протест пред Влада

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го поддржиа протестот на родителите на деца со посебни потреби кој е најавен во 12ч пред Влада„Заедно ќе побараме надлежните институции и одговорните лица да сфатат дека децата со посебни потреби и нивните семејства заслужуваат барем минимум достоинствен живот, кој никако не може да се достигне со посебниот додаток од 4.300 до 5.000 денари, во време кога трошоците за живот секојдневно растат.Овие деца имаат потреби како и сите други деца, но имаат тешкотии во остварувањето и задоволувањето на тие потреби.Во услови кога може да работи само едниот родител, во услови кога мора да се набават лекарства кои во Македонија ги нема, овие семејства ни одблизу не можат финансиски да издржат со посебниот додаток од 5.000 денари – износ кој не е зголемен цели 14 години“, се најавува во соопштението.

Од таму додаваат дека ќе се бараат измени во Законот за основно образование, со кој на родителите на децата со посебни потреби би им се овозможило самите да им бидат асистенти на своите деца, така што државата ќе им овозможи плата и работен стаж.

Родителите на деца со попречености повикаа на масовен протест затоа што велат дека нивните деца се на маргините на општеството. Бараат зголемување на додатокот за деца со посебни потреби, како и зголемување на мобилноста и туѓата нега на ниво на минималната плата во Македонија, а исто така и добивање на пензија за еден од родителите.

Се жалат дека нивните деца се заборавени од државата, а често пати нивните лекувања ги прават во странство со пари собрани преку донациии, наместо тоа да го плати Фондот за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons