ЛУЃЕ МУ ТРЕБАЛЕ И НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО – се бараат над 40 нови вработувања, има плати и над 40 илјади денари

Не се 500, ама затоа се 41 лице. Не вработува само Електростопанство на Македонија, туку и Фондот за здравствено осигурување.

Се бараат 41 вработен, главно соработници за разни прашања, како што се соработник за буџетирање, и тоа тројца вакви кадри, потоа соработник за фармација, сортаботник за контакт со јавноста, соработник за проектирање, потоа соработник за спроведување на финансиска процедура, соработник за информатичка поддршка, а се бараат и контролори, потоа републички контролор, како и еден раководител, кој ќе треба да менаџира со подрачната служба во Ресен.

Најмногу од овие барани кадри треба да имаат високо образование и тоа или Економски факултет, бизнис и менаџмент, или Фармација, а се бара и Книжевност, Информатика, како и факултет од областа на правните науки.

Најголем дел од овие луѓе или околу 16 од нив, ќе работат за плата од 34.054 денари, која е под просечната во државава, но и не е така лоша како за почетници во одредена институција.

Повисока плата од нив, на сума од 36.304 денари ќе земаат исто толку луѓе, бидејќи од нив ќе се бара да имаат извесен период на искуство во струката. 

За двајца е предвидена плата од 37.204 денари, додека, пак, шесторица ќе земаат плата од 38.554 денари.

Ќе има и три плати од над 40 илјади денари и тоа за раководителите, и тоа една од 41.654 денари, втората од 42.204 денари и третата од 43.004 денари.  

И, кога станува збор за националностите кои се бара да бидат вработени со овој најнов оглас објавен на веб страната на Агенцијата за администрација, треба да се напомене дека најголем број од нив или 25 ќе бидат Македонци или Македонки, потоа 12 места се предвидени за Албанци, две места има за етничката определба Турчин, еден ќе биде Ром и еден ќе биде од друга националност. 

Како што е познато, најголема бука во јавноста деновиве се крена откако беше обелоденето дека за АД ЕСМ кое е во државна сопственост, се планира и се бараат на оглас 500 луѓе.

Од АД ЕСМ тоа го оправдаа со фактот дека од почетокот на 2020 година до крај на 2023 година бројот на вработени се намалил за 1.190, од кои над 76 проценти биле со работни места во производствениот процес, а над 23 проценти административни работни места. Најголем процент од оние кои заминале, соопштија од АД Електрани на Северна Македонија, бил по основ одење во пензија, но и поради други причини, вклучувајќи го и заминуавњето во приватниот сектор.

„Изминатата година кога се соочивме со енергетската криза, се почувствува сериозна потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни стручни лица кои ќе го овозможат“, се наведува во соопштението.

АД ЕСМ, се вели во соопштението, има најголема потреба од вработени во производствениот процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87 проценти од огласите за врабтување се однесуваат токму на ваков кадар, само 12 проценти се однесуваат за работни места во административниот дел, но во функција на производствениот процес

Според премиерот Димитар Ковачевски вработувањата во ЕСМ не се предизборни, бидејќи изборите биле во мај а сега сме декември.

„Јас не би кажал дека се предизборни вработувања, изборите се на осми мај, а денеска сме декември. Така што не знам тука што е предизборно. Инаку, за тоа која компанија како работи се прашува менаџментот на компанијата, така што прашањата ќе морате да ги поставите до менаџментот, а сигурно дека вработувањата се дел од техничко технолошкиот процес за пополнување на потребните работни места“, изјави Ковачевски.

Но, ВМРО-ДПМНЕ со ова не се согласува. 

Огласот на ЕСМ, за над нови 500 партиски вработувања во оваа институција, според нив, „е само очајнички обид на Ковачевски, Ахмети, Груби и Спасовски, колку толку, макар и за еден промил, да го ублажат поразот, на изборите во мај, кој ги чека, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оглас за вработување, на над 500 луѓе, во само една институција и тоа на само еден месец од формирањето техничката влада, е ништо друго, него класичен обид за вработување на партиски војници, каде платите за овие објавени позиции се движат од 30 до 60 илјади денари. Ако на народот веќе не му е јасно, зошто ги немаме почнато преговорите за влез во ЕУ, еве ова е еден класичен пример, како настрана, корупцијата и криминалот и со вакви потези, се руши кредибилитетот на државата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons