ВИДЕО: Феноменалниот Дончиќ постигна 47 поени во победата над Франција 

Еден од најдобрите светски кошаркари Лука Дончиќ имаше уште една одлична партија во победата на Словенија против Франција (88:82) во последното петто коло од групата „Б“ на Евробаскет 2022.

Дончиќ постигна неверојатни 47 поени (15/23 од поле) и така стана рекордер во модерната историја на првенствата на Стариот континент.

Еве и еден интересен податок кој вели повеќе поени од ѕвездата на Далас маверикс на еден натпревар на еврошампионатите постигна Белгиецот Еди Терасво далечната 1957 година, вкупно 64 поени против Албанија.

Гркот Никос Галис во 1983 година имаше 46 поени против Шведска, потоа во 2001 година Дирк Новицки за Германија запиша 43 поени против Шпанија, а Јанис Адетокумбо оствари 41 кош за Грција против Украина.

Словенците го освоија првото место во групата и ќе игра против Белгија во осминафиналето.

https://m.youtube.com/watch?v=b0XGp8cb5JA&feature=emb_title


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons