(ВИДЕО) Бизарен настан во Конго: Нов мост се урна додека властите ја сечеа лентата 

Властите во африканската земја Конго неуспешно го отворија пешачкиот мост во главниот град Киншаса, откако при сечење на лентата мостот се урна, а тие едвај се спасија, пренесува Ројтерс.

Токму кога властите ја пресекоа лентата на церемонијата во областа Мон-Нгафула во Киншаса, мостот се урна, а оградите од страната се преполовија.

Гледачите не можеа да се воздржат и почнаа гласно да се смеат на сметка на властите. Во инцидентот никој не е повреден.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons