ВИДЕО: Синот на Вучиќ запрен на Косово, полицајци го натерале да соблече маичка со „антикосовски натписи“ 

Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило, денеска бил запрен од косовската полиција за време на неговиот престој на Косово, при што полицајците го принудиле да ја соблече маичката со, како што наведуваат од Приштина, „провокативна порака“, објави „РТВ Дукаѓини“.

Оваа телевизија објави и снимка на која, како што се тврди, се гледаат припадници на полицијата како го запираат синот на претседателот на Србија.

„РТВ Дукаѓини по церемонијата што се одржа во Грачаница обезбеди снимка на која се гледа дека косовската полиција ги запрела автомобилите во кои бил синот на претседателот на Србија за да му ја земе маицата со антикосовски натписи“, пишува телевизијата. 

На прашањето на српските медиуми дали навистина неговиот син бил запрен денеска кај Грачаница, Александар Вучиќ одговори дека тоа се случило не еднаш, туку трипати. 

Тој иронично додаде дека ја цени храброста на Албин Курти, а наведе дека неговиот син е похрабар од косовскиот премиер.. 

„Тоа им е работа. Ги запреле трипати, ја претресувале колата, ги малтретирале. Му честитам на храброста на Албин Курти. Не е толку храбар кога е во моја близина, ама тоа е во ред. Кога праќаат други да малтретираат туѓи деца, тоа е во ред. Данило не е мал, тој е похрабар од Албин Курти“, изјави Вучиќ, според „Данас“.

https://fb.watch/lsfXWjwUf3/?mibextid=cr9u03

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons