Вечерва во 21:28 ни доаѓа помрачувањето на Сонцето: Сè се случува со причина

Вечерва, 30 април во 21:28 часот ни доаѓа помрачувањето на Сонцето. 

За астролозите, ова е многу важен астролошки транзит кој ни носи големи лекции. Сонцето е во Бик, а тоа е знак кој е приземјен, практичен и темелен. Биковите се чувар на вредностите и никогаш не прават нагли промени. Ова помрачување на Сонцето во Бик во наредните месеци ни носи големи промени на различни полиња во нашиот живот, а поради тоа што е присутен и Уран во овој транзит, овие промени ќе бидат и во насока која можеби и воопшто не ја очекуваме.

Некои знаци не ги сакаат промените, но важно е да имаме доверба во она што ни доаѓа. Треба да сфатиме дека она што го сакаме некогаш не е најдоброто за нас. Затоа, ослободете се од таквите уверувања дека нешто е добро за вас, кога всушност не е. Бидете присутни, но ослободете се од очекувањата.

Ова помрачување ни носи и нови чекори, нови патеки, нови циклуси и решавање на нашите проблеми онаму каде што најмалку го очекуваме тоа. 

Универзумот ве кани да се подготвите за големите промени кои доаѓаат и да се потсетите дека сè се случува со причина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons