ВЕНЕЦУЕЛСКА НАФТА ПРИСТИГНУВА ВО ЕВРОПА Бајден дозволи проток за да се намали зависноста од Русија

Освен „Шеврон“, лиценци добија и италијанскиот „Ени“ и шпанскиот „Репсол“. Се очекува „Ени“ и „Репсол“ да ги префрлат првите количества нафта во јули, но аналитичарите сметаат дека релативно малите количества венецуелска нафта што ќе пристигнат во Европа нема да имаат сериозно влијание врз светските цени на „црното злато“.

Белата куќа реши да дозволи проток на одредена количина на нафта од Венецуела за Европа, во обид да се намали зависноста на европските земји од рускиот енергенс, пишува Мондо. Дека САД се откажале од санкциите за Венецуела за да ѝ помогнат на Европа потврди и венецуелскиот претседател Николас Мадуро, според кој било договорено тој да ги одмрзне преговорите со опозицијата и да ги обнови лиценците на американските компании во земјата.

„Некои од лиценците се веќе обновени“, рече Мадуро, без да спомене кои компании ќе можат да произведуваат нафта во Венецуела.

Медиумите во таа земја јавуваат дека „Шеврон“ започнала преговори со државната компанија ПДВСА, додека за возврат владата на Мадуро го „одмрзнала“ дијалогот со претставниците на опозицијата, кои побегнале во Мексико.

Преговорите со опозицијата беа прекинати пред повеќе од половина година, по екстрадицијата на Алекс Саба, наводниот венецуелски креатор на мрежата за перење пари од Зелено’ртските Острови. Саб е осомничен дека на различни начини се обидел да „исперe“ околу 350 милиони долари од разни владини фондови во Каракас.Можеби ќе ве интересира

Освен „Шеврон“, лиценци добија и италијанскиот „Ени“ и шпанскиот „Репсол“. Се очекува „Ени“ и „Репсол“ да ги префрлат првите количества нафта во јули, но аналитичарите сметаат дека релативно малите количества венецуелска нафта што ќе пристигнат во Европа нема да имаат сериозно влијание врз светските цени на „црното злато“.

Потегот на Бајден наиде на огромна критика во САД, а демократите и републианците го предупредија претседателот дека „дури и самата помисла за купување нафта од Иран и Венецуела е скандал“.

Спомнувањето на иранската нафта во овој контекст е реакција на сложената шема со која владата во Техеран го испраќа ова гориво во Венецуела преку Малдивите.

Во исто време, венецуелските медиуми во неколку наврати пишуваа за преговорите меѓу иранската и венецуелската нафтена компанија со цел повторно отворање на рафинеријата „Парагуана“ со капацитет од 955.000 барели дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons