Предлог тарифник за струјата: Кој троши над 420 киловат часови во висока тарифа да плати 6% поскапа струја 

Скроен предлог тарифникот за струја, според кој ќе има 4 блок тарифи. Ќе се применува од 1 јули, а принципот ќе биде како кај прогресивниот данок, односно оние кои трошат повеќе, ќе плаќаат најскапа струја. Креаторите на концептот уверуваат дека домаќинствата, кои трошат над 420 мегават часови електрична енергија, ќе плаќаат над 6% повеќе. Оние пак , кои трошат најмалку, ќе имаат пониски сметки за 5%. Сепак, пресметките се за важечките цени, а не за зголемувањето кое ќе стартува од 1 јули.

– Ако хипотетички струјата поскапи за 10%, сметките за 1 група, место за 10, ќе бидат повисоки за 5%, изјави Рубин Талевски, универзитетски професор.

Експертите со бројни забелешки. Моделот не е праведен, затоа што граѓаните од Скопје имаат алтернатива – да се греат на парно, а во останатите градови, каде им се даваа субвенции да ги откажат печките на дрва, поскапувањето ќе биде многу повисоко. Велат дека концептот е стар, се применувал во 70 тите, а цените се неважечки.

– Во Македонија посиромашните семејства живеат по 10 луѓе во една куќа. Родителите со синот и снаата и внуците, па може и уште некој син и снаа…Не видовме дали има опција по број на становници да се дели потрошувачката. Очекувано е дека со еден до двајца потрошувачи во едно домаќинство, каде има едно броило да имаат многу помала потрошувачка отколку кај домаќинства со едно броило но со десетина члена. Ова сметам дека е голема неправда – изјави Константин Димитров, универзитетски професор.

Целта со новиот модел е да се намали потрошувачката на струја, а цените сепак, ќе бидат пониски од пазарните, уверуваат од Регулаторна. Ќе се стимулира и користењето скапа тарифа, а броилата ќе се читаат на 35 дена, за да не се доведат во заблуда потрошувачите. Од сметките ќе се исклучи и комуналната такса.

– Целта е да се каже дека концептот е добар. Со бројки не шпекулирам. Новата цена ќе се знае до 31 јуни, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Според анализата, во земјава има околу 800 илјади броила, односно домаќинства. Од нив, 140,000 трошат под 100 киловати, а најголем дел од домаќинства трошат од 300 до 700 киловат часови.

Од Регулаторна велат дека ќе следат уште неколку јавни дебати, ќе се земат во предвид и забелешките од експертите, па ќе се одлучи кој модел ќе биде прифатен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons