ВАЊА УШТЕ НЕ Е НАЈДЕНА: Мајката се сомнева дека девојчето е киднапирано, МВР објави детали!

Соопштение: Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.

Речиси цел ден, полицијата, членови на семејството и граѓани кои доброволно се јавија, трагаат по исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје. Утрово тргнало за на училиште, но и се губи секаква трага.

-Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816, објави утрово мајката на Вања.

Редакцијата на КУРИР веднаш по добивање на информацијата ја контактираше мајката на девојчето, која видно вознемирена ни рече дека утрово Вања била весела и расположена, и рекла дека ќе се слушнат после првиот час, но од тогаш и се губи секаква трага. Кратко откако го напуштила домот, нејзиниот телефон станува недостапен.

Мајката се сомнева дека е насила одведена, односно киднапирана, бидејќи Вања е одговорна личност и примерна ученичка.

Огромен број на граѓани на социјалните мрежи го споделуваат вознемирувачкиот апел за помош од мајката на Вања. Дел од нив, со часови го бараат девојчето низ скопските улици. На терен, по пријавата, излезена е и полицијата.

Како што дознава КУРИР, во текот на денов, се разгледани снимки од безбедносните камери од згради и објекти во близина на училиштето во Центар, кон кое Вања денес се упатила, но не се појавила. Ученичката тргнала пешки бидејќи од нејзиниот дом до училиштето има само неколку минути одење. На тој кус пат, се губи нејзината трага.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons