Бобан Грнчаров е нов тренер на Вардар 

Вардар назначи наследник на Никола Глигоров, клубот соопшти дека Бобан Грнчаров ќе го води тимот до крајот на сезоната. 

По поразот од Гостивар по кој Вардар ги загуби шансите за второ место, Никола Глигоров си поднесе оставка, а него ќе го наследи Бобан Грнчаров кој беше дел од стручниот штаб.

 „Поранешниот капитен и сегашен член на стручниот штаб на нашиот клуб Бобан Грнчаров од денеска е назначен за вршител на должноста шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона“, соопшти Вардар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons