Голема трансфер-бомба: Гостивар го носи Валбуена во ПМФЛ!

Овој викенд се игра последното есенско коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Голем број клубови веќе започнаа да ја планираат својата иднина и зимскиот преоден рок. Најактивен клуб е Гостивар, кој и летово доведе многу нови имиња, а ќе купува нови фудбалери и оваа зима. Сепак, новиот член на нашата елитна категорија работи на „бомба“ која треба да се активира следното лето.

Турските сопственици на Гостивар направија голема работа со трамсферот на Турчинот Потук летово. Поранешниот капитен на Фенербахче целосно ги оправда очекувањата и статусот на убедливо најскап и највреднуван фудбалер. Сега уште еден поранешен фудбалер на Фенер е пред потпис за Гостивар. Челниците на македонскиот клуб сакаат големо име, кое медиатички ќе донесе многу во клубот. По неуспешниот обид да го убедаат Рикардо Кварезма минатото лето, сега првите луѓе на Гостивар имаат согласност за трансфер на Матје Валбуена, дознава Gol.mk. 

Францускиот фудбалер за врска ја минува последната година од договорот со Аполон Лимасол и налето е слободен фудбалер. Се очекува за рекордна годишна плата за македонски услови Валбуена да дојде во Гостивар и да го поведе тимот кон борба за титулата во сезоната 2023/24. 39-годишниот Валбуена своевремено играше за Фенербахче, а ги носеше и дресовите на Олимпик Марсеј, Лион, Динамо Москва, Олимпојакос. За француската репрезентација Валбуена има 52 настапи и осум гола. 

Ако овој трансфер се реализира тоа може да биде голема новина, финансиски најголема операција и пресвртница во македонскиот фудбал.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons