НЕДЕЛКОВ ИМ СЕ ОБРАТИ НЕ ТИЕ КОИ НЕ ШТРАЈКУВААТ: Послушајте го срцето 

Јаким Неделков претседателот на Синдикатотот на образованието, наука и култура (СОНК) им се обрати утрово на штрајкувачите од дејностите образование и детска заштита, но им прати порака и на тие кои не штрајкуваат.

„Добро утро, успешен ден! На сите штрајкувачи им посакувам да останат такви какви што се, на оние малкумина што не штрајкуваа им препорачувам да си го послушаат срцето, напиша Неделков на фејсбук.

Денеска е втор ден ден од штрајкот, а настава се одржува само во некои училишта, а градинките прифаќаат деца официјално иако повеќето родители не ги носат децата во установите. Се бара итно зголемување на платите за 18,4 проценти и изнаоѓање на системско решение за усогласување на останатите плати со минималната плата која сега изнесува 18.000 денари

Владата денеска излезе со информација дека платите на вработените во образованието и во детската заштита во периодот од 2017 до 2022 година се зголемени за 21 процент. Наставник во основно  образование, како што се наведува, зема плата од 24.786 денари, што е зголемување за 3.267 денари плус минат труд, а наставник во средно образование зема плата од 25.642 денари и таа е зголемена за 4.353 денари, плус минат труд.

Од Владата го охрабруваат синдикатот да го продолжи дијалогот за изнаоѓање на трајно решение за раст на платите. Нагласуваат дека барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот.

„Растот за платите за вработените во образование и во градинките е во времето на оваа Влада и колективниот договор потпишан 2019 година во јуни. Дебатата за новиот колективен договор е шанса за трајно решавање на континуираниот раст на платите. Владата е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Заедно да најдеме модел за раст кој како со договорот за минималната плата ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот, велат од Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons