БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Вечерва без престан трупа снег на овој патен правец во Македонија (ФОТО)

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва соопшти дека поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево од 22:15 часот е воведена забрана за тешки товарни возила.

Поради врнежи од снег од превентивни причини на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 22:15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, се наведува во соопштението.

Патот кон Маврово е во прекин за ТМВ поради наноси на снег и патот на влез во с.Никифорово е блокиран од две паднати дрва.

Поради обилни врнежи на снег на превој „СТРАЖА“ има забрана за движење на ТМВ, истакнаа од АМСМ, додека порталот ПОрта.мк објави снимка од моменталната ситуација: 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons