Трендафилов: Жолт картон за судиите, ќе ја тужиме државата во Стразбур ако одлуката за конфискација на Работничкиот дом не биде поништена до 1 мај 

Жолт картон за судиите, ако ова не заврши до 1 мај, ќе поднесеме тужба против државата во Стразбур, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов за денешниот протест на синдикалните здруженија пред Врховниот суд.

„Време е за победа на правото и правдата, дојдовме пред Врховниот суд за да завртиме грб и да покажеме на оние судии кои ја донесоа срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом со која сакаат да направат штета на целокупното работничко движење во Македонија“, рече Трендафилов кој најави масовен собир ако одлуката не биде поништена до 1 мај.  

„Денеска им даваме жолт картон, а доколку е потребно можеме да бидеме и 7.000 и 70.000 членови и ќе застанеме овде. Ќе почнеме од Врховниот суд“, кажа Трендафилов во изјава за медиумите.

Трендафилов информира дека ќе ги искористат сите правни механизми и пред Меѓународниот суд во Стразбур. До 15 мај истекува рокот за тужба против државата.

„Не сакаме да ја напаѓаме и тужиме државата и да ги срамиме политичарите, судиите и функционерите. Доколку ова не заврши до 1-ми мај, ќе тужиме во Стразбур“, најави првиот човек на ССМ.

„Доколку влезат во нашиот дом, ќе влеземе во нивните домови – доколку го земат нашиот дом, ќе ги земеме нивните домови. Отстапка назад нема, доведени сме до ѕидот“, потенцира Трендафилов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons