„Бехтел и Енка“ бараат работници на скопските плоштади и молови 

Од вчера продолжува презентацијата на профилите и критериумите за вработување во „Бехтел&Енка“ и на плоштад „Скендербег“, плоштад „Македонија“ и „Капитол Мол“ во Скопје.

Барањето на рбаотници за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10д ќе трае до 30 октомври.

Првиот вицепремиер Артан Груби потсетува дека се бараат 2.000 работници и ги повика заинтересираните да испратат свое CV на официјалната мејл адреса.

– Ве поканувам сите да ги посетите овие точки на презентација, да се информирате за можностите и да аплицирате, добивајќи професионален бенефит и станувајќи директен придонесувач во реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата, Коридорот 8 и 10Д, објави Груби.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons