ИЗГОРЕА 2,5 КИЛОМЕТРИ ДРВЕНИ ПРАГОВИ НА ПРУГАТА ВЕЛЕС – ЛОЗОВО 

Пожарот кој во неделата доцна вечерта ја зафати шумата помеѓу велешките села Мамутчево, Милино и Лозово, ја оштети пругата Велес – Кочани. Повторно се изгорени стотици дрвени прагови во Овчеполието, кои треба да се заменат.

„Оштетувања се регистрирани во должина од 2,5 километри. Дополнително ќе се пребројат изгорените дрвени прагови. Пругата на оваа релација е затворена за сообраќај“, соопштија од Македонски железници.

До пожарот дојде откако земјоделец запалил стрниште, а огнот од силниот ветер се проширил по соседните површини и кон боровата шума стара најмалку 50 години. Проценките се дека е изгорена шума во двете општини Велес и Лозово околу стотина хектари. Железнички патнички сообраќај од и кон Кочани не се одвива две и пол години.

Претходниот месец во два наврати поради запалени стрништа, беа опожарени преку 1,2 илјади дрвени прагови во Пелагонија и железничкиот сообраќај беше од и кон Битола во прекин.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons