Без реформска агенда ќе нема пари од Планот за раст на Западен Балкан 

За повлекување и искористување на парите од Планот за раст на Западен Балкан во кој е и Македонија, земјите ќе мора да изготват четиригодишна реформска агенда, но и конкретно да ги реализираат во неа дефинираните активности кои ќе значат вистинско придвижување напред, беше речено по денешниот Прв министерски состанок за овој План за раст на Западен Балкан, беше речено по денешниот Прв министерски состанок за овој План за раст на Западен Балкан.

Новиот финансиски пакет поддршка од Европската Унија (ЕУ) вреден шест милијарди евра им се става на располагање на земјите од Западен Балкан за раст на нивните економии и за што поголема подготвеност за влез и интегрирање на заедничкиот европски пазар. Од вкупната сума, две милијарди евра ќе бидат грантови, а четири милијарди евра ќе бидат заеми што ќе се даваат под поволни услови и со долг рок на отплата. За повлекување и искористување на парите, земјите ќе мора да изготват четиригодишна реформска агенда, но и конкретно да ги реализираат во неа дефинираните активности кои ќе значат вистинско придвижување напред.  

Со реформската агенда, зависно од приоритетите што ќе ги утврдува секоја земја одделно, може да бидат опфатени различни сфери: транспорт, енергетика (обновливи извори на енергија), инфраструктура, владеење на правото, дигитализација,… Реформите ќе бидат предмет на оценка и прво ќе треба да се спроведат, а потоа, ако се увиди дека се ефикасни, државата ќе добие средства од пакетот, беше речено по денешниот Прв министерски состанок за овој План за раст на Западен Балкан.

Според Планот, реформската агенда треба да се изготви во следните три месеци, а финансискиот пакет ќе стане функционален од пролет идната година. Од шестте милијарди евра за Западен Балкан, скоро 860 милиони ќе и бидат на располагање на Македонија. Притоа, Планот не е условен, ниту е поврзан со уставните измени.

Парите што секоја држава ќе ја искористи ќе зависи од реформите, односно од нивното исполнување. Земјите кои побрзо и подобро ќе ги спроведуваат реформите, ќе имаат пристап и до парите кои не ги искористиле државите кои процесот го водат побавно.

„Реформите се клучни за Планот за раст, треба да се спроведат за да ги добиете парите. Парите се доделуват доколку се спроведуваат реформи согласно реформската агенда одобрена од ЕУ. Она што треба да се постигне со Планот е двојно да се зголеми вашиот раст и тој да достигне 12 илјади евра по жител, а тоа ќе се постигне со интегрирање во внатрешниот пазар на ЕУ, со помагање да ги интегрирате вашите пазари помеѓу себе, со инвестиции. Овој План за раст ќе го забрза вашиот претпристапен процес. Гледам дека планирате реформи и сѐ поблиску е влегувањето во ЕУ и ние сакаме Западен Балкан да го приклучиме во ЕУ. Парите се доделуваат доколку се спроведуваат реформите согласно реформската агенда одобрена од ЕУ и сакаме да го забрза процесот на интеграција на регионот“, истакна генералниот директор на Директоратот за проширување Јан Копман на прес-конференцијата по Министерскиот состанок, подвлекувајќи дека со ова ЕУ сака да го забрза процесот на интеграција на регионот.

Според вицепремиерот Бојан Маричиќ, овој План за раст е конкретна финансиска и политичка инвестиција на ЕУ во Македонија и останатите држави од Западен Балкан.

„Ние го гледаме ова како подадена рака на ЕУ за забрзување на нашето членство во Унијата до 2030 година. Не ни треба список на желби, ни треба реален и остварлив план и уште во првите шест месеци ќе покажеме добра волја и решеност за да ги направиме овие потребни реформи. Индикатори се Извештајот за напредокот, извештаите од скрининг процесот и оние забелешки што ги имаме и да дефинираме рокови во кои тие треба да се завршат. Секако, не очекуваме да решиме сѐ во првите шест месеци, тоа ќе биде во повеќе фази, но со реализацијата на првата фаза ќе дојде и исплатата на првата транша од парите“, потенцира Маричиќ.  

Министерот за финансии Фатмир Бесими објасни дека половина од средствата ќе бидат за буџетска поддршка, а половина за инвестиции.

„Планот дава поголем фокус, ни дава финансиска поддршка за да го реализираме побрзо она што веќе го имаме како процес со ЕУ“, рече Бесими.

Разговорите за планот за раст ќе продолжат во Брисел наредната недела. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons