Се одмрзнува цената на лебот?

Владата соопшти дека вчера попладне донела одлука со која продолжува примената на утврдените највисоки трговски маржи до 30 јуни 2023 година. Но, во соопштението никаде не се споменува замрзната цена на лебот од 33 денари.

Во новата одлука, објавена на страницата на Владата, пишува дека за леб сечен на парчиња или цел, утврдената висина на маржата на мало и на големо е по 5 проценти.
Во Одлуката, објавена на 28 февруари јасно пишуваше дека се утврдува цена на леб од 33 денари за пакување од 450 грама (бел и полубел) и дека оваа одлука важи до 30 април.

Според завчерашната одлука, покрај ограничувањето на маржата од по 5 проценти во трговијата на големо и на мало за леб, такво нешто има и за шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло). Поголема маржа од по 10 проценти во трговија на големо и мало има за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons