Барса се откажува од Халанд и испраќа понуда до Левандовски?!

Според пишувањата на Спорт, Барселона е подготвена да му понуди четиригодишен договор на Роберт Левандовски, Полјакот сака да го облече дресот на „каталонците”.

Според пишувањата на Спорт, Барса е свесна дека тешко може да обезбеди финансии за трансфер на Ерлинг Халанд, па полека се кројат планови за ангажман на друго звучно име во нападот. 

Каталонскиот весник Спорт вели дека нова цел е Роберт Левандовски и лесно ќе падне договор со напаѓачот поради неговата желба за нова аванура и поради тоа што неговиот агент Пини Захави има добар однос со Жоан Лапорта. 

Весникот не открива финансиски детали и само пренесе дека Барса на маса ќе стави четиригодишен договор. 

Спорт исто така додава дека Роберт Левандовски сака да го облече дресот на „каталонците“ и да започне нов голем спортски проект, кој веројатно ќе биде и последен со оглед на тоа дека во август ќе полни 34 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons