Мизерната ноќ на Крос завршила во допинг соба со фудбалери на Барса, молчел час и пол

Реал Мадрид доживеа дебакл во последното Ел Класико откако загуби со 4-0 од Барселона, сите фудбалери на кралскиот клуб си поминаа лошо, но веројатно никој како Тони Крос.

Тони Крос имаше мизерна ноќ, беше заменет на полувремето поради лоша игра, а добил и расекотина на потколеницата.

„Имав расекотина и лекарите требаше да ми стават три конци за да ми ја сошија раната. Видов дека крварам, но тоа не го забележав за време на натпреварот“, вели Крос.

„Како додаток на резултатот и повредата за ноќта да биде уште помизерна, беше кога докторот ме информираше дека треба да одам во допинг контролата“.

„Седев час и половина во допинг контролата. Се најдов во соба заедно со Жерар Пике и Жорди Алба. Не зборувавме. Винисиус Жиниор и јас бевме губитниците, сакав само побрзо да излезам од таму“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons