Атлетска ноќна трка вo недела во чест на ослободувањето на Скопје 

Утре (недела) под Триумфалната капија во Скопје во 17 часот ќе биде означен стартот на една од најстарите атлетски манифестации што се одржуваат на пат, атлетската ноќна улична трка во чест на денот на ослободувањето на Скопје.

Трката е во организација на Атлетската федерација на Македонија, а е под покровителство на Градот Скопје и Агенцијата за спорт и млади.

Трката е меѓународна и ќе биде во две должини, на 4 км и 10 км. Во рамките на оваа атлетска трка, Атлетската федерација согласно Календарот за натпревари ќе го организира и Националното првенство на 10 км на пат за 2022 година, истакна Александра Војнеска Зикова, претседател на АФМ.

Сообраќајниот режим на дел од скопските улици ќе биде изменет.

Предвидени се парични и стокови награди за победниците, а сите пријавени регистрирани натпреварувачи од НП на 10 км влегуваат и во рангирањето во генерален пласман во склоп на Отворената Атлетска ноќна улична трка Скопје 2022.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons