Андреј Јакимовски потпиша за Наполи
Кошаркарскиот клуб на Наполи, го потврди македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски како ново засилување.
Јакимовски останува во италијанската кошарка, Тренто го замени со Наполи Баскет.
„Наполи потврдува дека потпиша со играчот Андреј Јакимовски. Тој е роден во 2001 година, има 201 сантиметри, роден е во Крива Паланка, Македонија, но има и италијанско спортско државјанство“, стои во соопштението на Наполи Баскет.
Во минатата сезона Наполи заврши на десетата позиција во најдобрата италијанска лига.



