АВМУ ќе покрие 50 проценти од надоместот на регионалните и локалните телевизии 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на денешната седница донесе заклучок со кој регионалните и локалните ТВ станици – Медиум за 2022 година се ослободени од 50 проценти од надоместот за медиумско работење.

Советот, исто така, едногласно донесе заклучок кој ќе биде доставен до Владата за да обезбеди покривање на трошоците за пренос на регионалните телевизии кои емитуваат програма преку DVB T, како и покривање на трошоците за сите телевизии кои емитуваат преку операторот на јавната електронска комуникација.

Воедно, на денешната седница на Советот на АВМУ донесе и заклучок за започнување со јавна дебата во врска со барањето за формирање фонд за медиуми со кој би се субвенционирале програмски содржини и истражувачки приказни од регионална и локална тематика заради развој на програмска понуда и стимулирање на демократскиот плурализам во општеството. (МИА)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons