АВИОНОТ НА ЛАВРОВ НЕ СМЕЕ ДА ЛЕТА ПРЕКУ МАКЕДОНСКОТО НЕБО: И Црна Гора и Бугарија му забранија прелет на рускиот дипломат до Белград 

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, треба утре да пристигне во посета на Белград, но како што пишува Данас, извори од српскиот државен врв веќе потврдиле за овој медиуми дека авионот со кој ќе лета рускиот министер не смее да има прелет преку Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија.

Сето ова на дело ги потврди зборовите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој јавно соопшти дека работите се комплицирани во врска со планираното доаѓање на министерот за надворешни работи на Руската Федерација.

Премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека ситуацијата околу доаѓањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Белград е „исклучително комплицирана“ и дека со логистиката на неговото патување се занимава српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Навистина е неверојатно ситуацијата во Европа и во светот да е таква што претседателот на една земја треба да се занимава со такви работи, како што е логистиката на патувањето на еден министер за надворешни работи, од што зависи дали тој ќе дојде или не, рече Брнабиќ за Пинк ТВ и додаде дека во прашање се проблеми со „прелетите“ со авион.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons