Спорт

Ѓоковиќ по маратонски меч од пет часа загуби од 20 години помладиот Фонсека

Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација на овогодинешниот Ролан Гарос и се приклучи на листата фаворити кои предвреме го завршија настапот во Париз. Српскиот ас загуби со 3-2 во сетови од 19-годишниот Бразилец Жоао Фонсека, иако имаше водство од 2-0 по четири часа и 57 минути игра.

Ѓоковиќ одлично го отвори мечот и целосно доминираше во првиот сет, во кој поведе со 5-1, а потоа го доби со 6-4. Контролата ја задржа и во вториот сет за предност од 2-0, но потоа следеше неверојатен пресврт на младиот Бразилец кој успеа да се врати во мечот и да израмни на 2-2.

Во решавачкиот сет Новак прв стигна до брејк и поведе со 3-1, но Фонсека веднаш возврати и израмни на 3-3. Клучниот момент се случи во 11. гем, кога при резултат 5-5 Бразилецот ја искористи третата брејк-топка со маестрален скратен удар кој го остави Ѓоковиќ без одговор.

Фонсека потоа го задржа сервисот, спаси една брејк-шанса и стигна до голема победа со 4-6, 4-6, 6-3, 7-5 и 7-5. За него ова е втор меч по ред на турнирот во кој успева да направи пресврт по негатива од 0-2 во сетови, откако истото го направи и против Хрватот Прижмиќ во претходната рунда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons