Шолц не го гледа крајот на војната во Украина во блиска иднина

Германскиот канцелар Олаф Шолц не го гледа крајот на војната во Украина во блиска иднина. Тој предупреди на можна понатамошна ескалација, јави ДПА.

Според Шолц, засега нема знаци дека луѓето сфатиле колку е важно крајот на конфликтот да биде „што е можно поскоро“, но тој посочил исто така дека стравува од „ескалација на војната“.

– Потребно е да бидеме способни да донесуваме разумни, многу добро информирани и исто така, многу храбри решенија. Што и го правиме – појасни Шолц.

Тој повторно подвлече оти нема да донесе одлука, што би довела до директен конфликт меѓу НАТО и Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons