Арсенал беше во идеална позиција, а сега има невозможна мисија за пласман во ЛШ

На три кола до крајот Арсенал беше на четвртото место со четири бода плус во однос на нивниот гратски ривал Тотнем, но за само два натпревари ја загубија позицијата.

Пред само неколку дена работите за Арсенал изгледаа идеално. Имаа четири бода повеќе од Тотнем пред дербито на Северен Лондон, таму им беше доволен и бод за да ја сочуваат предноста пред ривалот.

Но, Арсенал падна, не само што загуби, туку тоа беше и убедлив пораз од 3-0, Тотнем дојде на -1 и ја разниша самодовербата на топчиите за последните две кола.

Тоа се виде на вчерашниот дуел со Њукасл на кој Арсенал изгледаше бледо и го загуби мечот со 2-0. Ден претходно Тотнем го победи Барнли, па во последното коло тие влегуваат како четврти. 

Арсенал врза два порази и падна на петтата позиција, а местото во Лигата на шампионите изгледа недостижно поради распоредот во последното коло.

Тотнем му гостува на Норич кој е на последното место и веќе е испаднат од Премиерлигата. За Арсенал да се врати на четвртото место треба да го победи Евертон, но и да чека пораз на Тотнем, што е малку веројатно.

На тимот на Конте доволен му е само еден бод од дуелот со Норич за да остане четврти и следната сезона да игра во ЛШ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons