Спорт

Црвена звезда во Данска или Азербејџан во плејофот на Лигата на шампионите

Фудбалерите на Црвена звезда ќе игра во плејофот за Лигата на шампионите против Архус од Данска или Сабах од Азербејаџан, одлучи ждрепката во Нион, Швајцарија.

Доколку српскиот првак го елиминира израелскиот Хапоел Бер Шева, со кого го игра својот прв натпревар во вторник од 19.30 часот во Унгарија во третото квалификациско коло на ЛШ, ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу Архус и Сабах во плејофот како последна пречка на патот кон лигашката фаза за сезоната 2026/27.

Тимот на Дејан Станковиќ претходно го елиминираше северноирскиот Ларне со вкупен резултат од 9:0 и го продолжи својот совршен настап во третото квалификациско коло.

Лига на шампиони, плејоф

Каират/Левски – АЕК Атина
Селтик – ЛАСК
Динамо Загреб/Кауно Жалгирис – Викинг
Слован/Мјалби – Целје/Арарат Ерменија
Црвена звезда/Хапоел Бер Шева – Архус/Сабах

Фенербахче/Штурм – Спарта Прага/Лион
Олимпијакос/НЕК Нијмеген – Унион Сен Жил/Бодо Глимт

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons