МакедонијаНајново

ФОТО: Зејтинот достигна рекордна цена од 163 денари 

Откако Владата ги врати маржите и даноците на основните прехранбени производи, цените од денеска во маркетите ги рушат сите рекорди.

Заклучно со вчера, маржите во малопродажба беа ограничени на 5 отсто кај лебот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло за јадење и сончогледовото масло за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи. Одлуката почна да се применува од 1 март 2022 година, а траеше до вчера, 31 мај.

Целта беше, како што објасни тогаш министерот за економија Крешник Бектеши, да се ограничи растот на цените во следните три месеци.

Tака, од денеска, маслото за јадење кое вчера беше 135 денари денеска достигна цена од 163 денари.

Килограм брашно за кое граѓаните плаќаа околу 35 денари, денеска се продава за 60 денари, а поскапен е и лебот, кој на полиците во маркетите се продава за 43 денари.

Во зависност од тоа каков леб купувате, цените се зголеми меѓу 6 и 9 денари.

Раст на цените /  Слободен печат
Раст на цените /  Слободен печат
Раст на цените /  Слободен печат

Од полноќ поскапени се и горивата

Новите рекордни цени на бензините веќе се изразуваат во 3 цифри, односно малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 9,50 ден/лит.

ЕУРОСУПЕР БС-95: 104,00 денари
ЕУРОСУПЕР БС-98: 106,50 денари
ЕУРОДИЗЕЛ БС– 95,00 денари

Од Министерството за економија посочија дека нема простор за продолжување на оваа мерка, со оглед на фактот дека на тој начин би можело негативно да се влијае врз работата на компаниите од преработувачката индустрија и од трговската дејност. Од Народната банка смируваат и велат дека овој ценовен шок нема да биде драстичен.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, излезе со предлог ДДВ за прехранбени производи да не се плаќа, а за горивата да биде пет проценти до крај на годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons