Среде лето падна снег на Шар Планина и над Попова Шапка
Вистинско зимско изненадување ги зафати повисоките планински места во земјава.
Денеска, на 24 јули, на Шар Планина и тоа над Попова Шапка е регистрирано паѓање на снег.
Веста преку социјалните мрежи ја сподели метеорологот Славчо Попоски, истакнувајќи дека неговите прогнози за оваа појава целосно се оствариле.
„ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Денес 24 јули на Шар Планина, и тоа над Попова Шапка паѓа снег. Прогнозите мои се остварија“, напиша Попоски.
Ваквите временски услови се невообичаени за овој период од годината, но се случуваат на највисоките врвови во земјата при продор на поладневен воздух.



